
Како то соопшти СВР Охрид, четири засега непознати лица маскирани со фантомки и капи на главите, од кои двајца вооружени со автоматска пушка и пиштол, насилно велегле во златарата затекнувајќи во моментот кога 47-годишниот сопственик гособирал златниот накит од продажниот пулт.
Тие, заканувајќи се со оружјето го извадиле сопственикот надвор од златарата додека другите двајца почнале со одземање на златниот накит ставајќи го во платнени торби.
Одкако го собрале целиот златен накит што бил изложен, четворицата мошне брзо ја напуштиле златарата и со патничко моторно возило го напуштиле местото на настанот.
Полициската станица од Кичево, по извршениот криминалистичко-технички увид, презема интензивни мерки за пронаоѓање на сторителите на разбојништвото, утврдување на материјалната штета и целосно расветлување на казненото дело.












