На плоштадот Чинар, утре, 25-ти април со почеток во 11 часот ќе биде отворена традиционалниот Велигденски базар.

Учество ќе земат бројни домашни производители на традиционални јадења(ѓомлезе, питулици, торти, колачи): претставници од ФТУ, средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“, продавачи на рачни изработки и сувенири, Црвен крст Охрид, како и децата од основните училишта кои ќе презентираат свои рачни изработки.

Во забавниот дел од настанот ќе настапат фолклорниот ансамбл „Бисери“, детскиот хор „Весели бисерчиња“, и децата од градинката и основните училишта.