Развиорена првосептемвриската радосна приказна вчера и во ООУ„Св.Наум Охридски“, со која на свечен начин се одбележа највеселиот ден на првачињата.
Највеселите првачиња беа почестени со сет училишен прибор од компанијата Кредисимо, која постојано применува општествено одговорни практики. Во контекст на образовната платформа „Активирај се навреме“, тие ја реализираа кампањата „Секогаш биди број еден“, посветена во чест на најмалите првоодделенци. Изразот на насмеаните детски лица и задоволството што тие го почувствуваа беше многу искрено, за што како воспитнообразовна установа особено им сме благодарни, вели вд директоркта на училиштето Валентина Рубаноска.
На најмалите и највеселите првачиња, додава Рубаноска, им беше испратена порака да ги испишат најубавите страници во нивниот личен дневник и да ги понесат најубавите импресии, кои ќе останат врежани како драги спомени во детската меморија.
OhridNews















