Сите гласачки места во општина Струга, каде денеска се одржува втор круг од локалните избори, се отворени точно на време, информираат од Општинска изборна комисија.
-Сите 78 гласачки места се отворени точно на време во 7 часот. До овој момент гласањето тече непрекинато и нема никакви проблеми, изјави Џенгис Хани, претседател на ОИК Струга.
Своето право на глас денеска ќе може да го искористат 56.341 жители на општината Струга, кои избираат градоначалник помеѓу двајца кандидати.
Втор круг од локалните избори денеска има и во општина Дебрца, каде 4569 граѓани гласаат на 28 избирачки места.
Во 29 општини денеска се одржжува втор круг од локалните избори.