Законодавците во америчката сојузна држава Јужна Каролина ја разгледуваат можноста за намалување на казната на затвореници кои донираат органи.


Според предлог законот, одбрани затвореници кои ќе даруваат органи или коскена срж затворот би можеле да го напуштат до 180 дена пред истекот на казната. Во Јужна Каролина на овој чекор се одлучија поради хроничниот недостаток на органи кои се наменети за трансплантација. Правниците укажуваат на сојузните закони во САД кои забрануваат давање на било какви бенефиции на потенцијалните дарители. Во САД на трансплантација чекаат повеќе од 95 000 луѓе, а годишно не  дочекувајќи го спасоносниот орган умираат 6700.