Фондот за здравствено осигурување го објави табеларниот приказ на раскинати договори на лекари од здравствени установи поради повреда на договорните одредби со ФЗОМ.

На таканаречениот „ Ѕид на срамот“ се најдоја и охридската и струшката Општа болница, како што наведуваат од ФЗОМ, затоа што кај повеќе од 5% од контролираните истории на болест добиен е погрешен ДСГ код во однос на погрешна примарна и секундарна  дијагноза или процедура, а со правилно прекодирање се добива друг ДСГ код.

На овие две установи изречена им е договорна казна за неправилности  при кодирање на пациентите според ДСГ методологија во висина од 3,5% од фактурираниот износ по ДСГ за соодветниот месец.

На листата е и една ординација по општа медицина од Струга.

Како што напоменуваат од ФЗОМ раскинувањето на договорите се однесува на периодот од 1- ви јули 2011 до 12- ти јули 2012.

–    Целта на „ѕидот на срамот“ не е да ги навреди, туку да ги предупреди лекарите бидејки согласно Законот за здравственото осигурување, доколку лекарот го повтори истиот прекршок, Фондот повеќе нема да склучува договор со таа здравствена установа. На следните објави на ѕидот, покрај јавната установа, ќе биде истакнат и лекарот кој придонел за казната – нагласуваат од Фондот за здравство.

OhridNews