На зимски распуст ќе заминат 1000 деца од социјално загрозени семејства
01.12.12 15:10
Во рамки на владиниот Проект за користење на бесплатна услуга за одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток, во јануари 2013 на зимски распуст ќе заминат 1000 деца .
Услугата за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток опфаќа 7 дневен одмор (6 полни пансиони -ноќевање со три оброка дневно) како и едукативно-забавни активности. Децата корисници на посебен додаток и/или деца со инвалидитет имаат право на придружник за време на користењето на услугата. Придружникот има право на 6 полни пансиони (ноќевање со три оброка дневно). Изборот на сместувачките капацитети во кои што ќе реализира зимскиот одмор е во тек.
За користењето на оваа услуга, во текот на следната недела Министерството за труд и социјална политика ќе објави повик на националниот јавен сервис Македонска радио-телевизија, на веб страната на Министерството за труд и социјална политика и во Центрите за социјална работа. Во јавниот повик ќе бидат наведени потребните документи за аплицирање. По објавувањето на повикот заинтересираните лица треба да поднесат барање до надлежниот Центар за социјална работа според местото на живеење на корисникот.
Рангирањето на корисниците на услугата за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток, ќе се врши според бодови- до 60 бода за времетраење на користење на правото, 30 бода за деца од еднородителско семејство и 10 бода за деца со инвалидност.
Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, во периодот од 15-ти до 21-ви декември 2025 година, како членка на Асоцијацијата на европски сообраќајни полиции – ROADPOL, заедн...
ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ – Охрид ќе го одбележи патрониот празник на 25 декември со свеченост која ќе се одржи во просториите на училиштето Програмата ќе започне во 18:30 часот со изложба на ликов...
Општина Охрид потпиша договор со колективниот постапувач за текстилен отпад Тексомак, со што официјално започнува процесот на селекција и организирано управување со текстилен отпад на територијата ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.