Набавен багер – натоварувач за ЈП „Нискоградба“. Како што информира градоначалникот Кирил Пецаков со подобрувањето на механизацијата на ова јавно претпријатие, значително ќе се подобри и ефикасноста и експедитивноста во реализацијата на проектите.

Вредноста на багерот изнесува околу 7 милиони денари. За споредба во минатото за потребите на јавното претпријатие се ангажираше ваква механизација која чинеше околу 3 милиони денари годишно, што значи дека со средствата кои се одвојувале за ангажирање на ваква механизација за 2 години, ние набавивме исти таков багер кој ќе остане во сопственост на ЈП „Нискоградба“, вели Пецаков.

Инаку, денес од страна на компанијата од каде е набавен багерот во кругот на претпријатието беше направена презентација за можностите на возилото.

OhridNews