Проекторите се дел од проектот за обновување на опремата за прикажување филмови во киносалите во 14 центри за култура низ Македонија.
Канческа-Милевска на прес-конференцијата, на која беа присутни и директори на центри за култура, истакна дека овој проект ќе овозможи заживување на киномрежата и интензивен развој на филмската дејност во нашата држава.
-Уште на почетокот ќе потенцирам дека наша основна заложба беше преку овој проект да ја збогатиме културната понуда во сите градови од нашата држава, граѓаните да имаат можност да ја уживаат кинокултурата, да ги видат најновите светски филмски остварувања, да се запознаат со актуелното македонско и светско филмско творештво – потенцираше министерката за култура.
Во втората фаза од проектот, која ќе биде реализирана најдоцна до 1 март 2013 година, ќе бидат набавени дигитални проектори за центрите за култура во: Прилеп, Тетово, Дебар, Струмица, Велес и Кичево.