Набавена нова медицинска опрема во ЈЗУ Општа болница Охрид со која значително се унапредува квалитетот на здравствената услуга и безбедноста на пациентите.

Oд Болницата информираат дека набавени се седум најсовремени пациентски монитори кои се распределени на Анестезија и интензивно лекување, Неврологија, Интерна медицина и Гинекологија и акушерство; четири аспиратори за сукција од кои два за возрасни пациенти на Одделот за анестезија и интензивно лекување и Интерно одделение и два педијатриски за Неонатологија и Педијатрија; четири инфузиони пумпи и четири перфузори распределени на Одделот за анестезија и интензивно лекување и Интерното одделение за обезбедување прецизна и сигурна терапија, особено кај критично болни пациенти; како и два гасни анализатори, по еден за Педијатрија и Анестезија и интензивно лекување.

Овие уреди овозможуваат брза и точна анализа, неопходна за навремена процена на респираторниот и метаболниот статус на пациентите. Оваа опрема претставува голем чекор напред во унапредувањето на квалитетот на здравствената услуга и директно придонесува за подобра, побрза и побезбедна грижа за сите пациенти, потенцираат од Болницата.

OhridNews