Во насока на подобрување на условите за одвивање на наставниот процес набавени се нови клупи и столчиња за ОУ „Христо Узунов“, информира на феjсбук профилот градоначалникот Кирил Пецаков.

Со нови клупи и столчиња опремени се 13 училници, а вредноста на инвестицијата е околу 1 700 000 денари. Продолжуваме и понатака во исполнување на нашата цел, а тоа е издигнување на воспитно – образовниот процес на повисоко ниво, стои во објавата.

Средствата, се додава во објавата, се одвоени од буџетот на Општина Охрид.

OhridNews