СВР Охрид поднесе кривична пријава против 29- годишен стружанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотична дрога“.
Од страна полициски службеници во Струга, во напуштен објект затекнати биле пријавениот и уште две лица едно од Радожда и од Велешта, како користат наркотична дрога и шприц со 13 мл. со мешавина на метадон и дијазепам.
Од преземените мерки утврдено е дека пријавениот претходниот ден го набавил метадонот од Дневниот центар за зависници во Охрид.
OhridNews