Тежок и набиен распоред има ГРК Охрид во октомври. Викендов Охрид му гостува на шампионот Вардар во Скопје во натпревар од 5 коло од Супер лигата, а веќе во следното во „Билјанини извори“ гостува Алкалоид на Кире Лазаров.

Месецов пред ГРК Охрид се уште три натпревари во домашното првенство против Мулти Есенс, Еурофарм Пелистер 2 и Куманово.

Во меѓувреме Охрид како домаќин ќе го одигра и двомечот со турски Спор Тото од 2 коло од ЕХФ Европскиот куп.

Г.М.