Наближува крајниот рок за регистрација на системот е-Персонален данок (31 Декември). Граѓаните кои досега не ја исполниле својата обврска и не се регистрирале на е-пдд системот, тоа да го направат што поскоро, потсетуваат од Управата за јавни приходи.
Од УЈП информираат дека Регионални дирекции на УЈП во Скопје, Штип, Тетово и Битола работат од 07.00 чaсот до 21.30 часот. Со истото работно време ќе работат и во наредниот период, освен 31 Декември 2018 година, кога ќе бидат отворени до 16.30 часот.
Регионалните дирекции ќе бидат отворени за граѓаните и во последните две саботи од месецот, односно на 22.12.2018 и 29.12.2018 со работно време од 08.00 до 14.00 часот.