Хуманитарната акција „Нахрани 10.000“ денеска се одржува во Охрид и во уште осум други градови во државава. Акцијата е  во организација на асоцијацијата „Ајде Македонија“, а во истата се вклучени 14 организации. Сите граѓани кои сакаат да донираат храна во Охрид тоа можат да го направат во Х.О „Св Спас“ и во маркетите „Тинекс“ денеска од 10 до 18 часот.

Станува збор за национална акција за донирање храна на одбрани локации и нејзино дистрибуирање до социјално загрозени граѓани. Ги повикуваме сите хумани граѓани да учествуваат и да донираат храна. Препорачуваме сите хумани граѓани да донираат храна која не е лесно расиплива како: ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, масло за готвење, грашок, конзервирана риба, супа , бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук, порачуваат организаторите.

Во нашата држава годишно се фрлаат десетици илјади тони храна, која е добра за конзумирање, но од друга страна исто така постојат повеќе од 450.000 граѓани кои неможат да си ги дозволат сите оброци во текот на денот. Затоа, целта на оваа акција, како што порачуваат организаторите е на граѓаните да им се даде можност редовно да донираат храна која ќе заврши во рацете на 10 000 социјално загрозени граѓани.

Хуманитарниот чин покрај во Охрид ќе се одвива и во Скопје, Битола, Виница, Струмица, Неготино, Охрид , Струга , Прилеп и Берово.

 

OhridNews