Запознавање со туристички вршители на дејност кои своите активности ги спроведуваат на територијата на паркот, промоција и вкусување на традиционални производи подготвени од локалното население, запознавање со природните и културните вредности на НП Галичица, но и со правилата на однесување во НП Галичица, дозволените и забранетите активности во различните зони на посетителите е целта на денешниот Отворен ден кој го организира Јавната Установа Национален парк Галичица под мотото „Национален парк Галичица и пријателите поблиску до вас“.
Целта на настанот е да дадеме еден скромен придонес за промоција на сите туристички вршители на дејност на територија на паркот, да си се претстават какви активности тие самите извршуваат, да направиме една кратка промоција на работата ние самите на паркот. Отворениот ден се организира и со цел посетителите и сите организации да дадат свои идеи и предлози како до подобра, беспрекорна работа на паркот, меѓусебно запознавање и комуникација и дружење. Мораме заеднички да придонесуваме за работата на паркот, да се грижиме за природата, да ги почитуваме сите дозволени и забранети активности, односно заеднички да шириме како НП треба да работи, затоа што сите сме пријатели и сите заедно придонесуваме за истиот. За жал се соочуваме со голем број на дивоградби што е голем проблем, отпадот, совеста е многу ниска, но затоа НП Галичица се стреми постојано за развој на еколошката едукација, преку работилници на кои доаѓаат деца од градинка, до деца кои се во основно и средно образование. Работилниците се прават во нашата институција во инфо центрите во Охрид и Стење, коишто се опремени со современа инфраструктура за таа намена. Исто така, тука ни е и едукативната патека Галичица на дланка којашто завршува со една убава зелена училница наменета за реализација на работилници во пролетно-летниот период, вели Ангела Тасеска, соработник за еколошка едукација во ЈУНП Галичица.

Алпинистички клуб „Патагонија“ и планинска спасителна служба при Црвен крст Охрид се тесно врзани со активностите во паркот. Моментално ПСС дежура е и работи и најголем дел од интервенциите кои ги имаат се на територија на паркот бидејќи тука и протокот на луѓее во најголем број. Од друга страна, Алпинистичкиот клуб работи на Виа фератата која е во завршна фаза и ќе биде дел од понудата на НП Галичица, а дел од опремата што ќе се користи се презентирана и пред посетителите. На овој начин се покажува и соработка меѓу различни институции кои меѓу себе се надополнуваат и отвораат нови можности за посетителите и за туристите, вели Додевски.

Убава можност да се запознаеме пред официјалниот почеток на сезоната и да си ги вмрежиме нашите понуди. Претставуваме традиционална храна, микс од градски и селски туризам, адаптирани и направени во земјен сад и испечени под сач на Пирустија. Се она што нудиме во нашето домаќинство претставува една домашна охридска етно приказна. Посетителите може да учествуваа во целиот процес на подготвувањето на храната доколку не посетат, вели Неданоска.

Имам можност за презентација на програмите преку кои луѓето можат да искуства што нуди Охридското Езеро, на кои локалитети може да се нурка. Се грижиме езерото да биде чисто, така што организираме низа еколошки акции во текот на годината за собирање на отпадот кој несовесните граѓани го фрлаат, вели Џепароски.

Имаме 6000 садници на три локации во Преспа, а овој чај е под заштита на НП Галичица од страна на дивите берачи, да го има меѓу луѓето на култивиран начин. На шандот денес имаме понуда на традиционалната храна на Преспа каде најмногу даваме акцент на јаболкото и правиме штрудла со јаболка, топчиња, потоа правиме ѓомлезе, питулици, кукумише, млечник, зелници. Имаме и сушена риба „личната карта“ на Преспа, како и сушени пиперки, вели Прцуловска.

Н.С.Ј.












