На 6 септември (недела) на СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид ќе се одржи Национално атлетско првенство за сениори и сениорки во организација на Атлетската федерација на Македонија.

Националното атлетско првенство ќе биде со критериумски карактер за претстојното Балканско првенство за сениори и сениорки кое ќе се одржи на 19 и 20 септември во Романија.

Атлетски возбудувања во Охрид започнуваат во 14 часот. Машките атлетичари ќе се натпреваруваат во (100м, 400м, 1500м, 5000м, далечина, височина, ѓуле , копје, диск), додека женските (100м пречки400м пречки100м, 400м ,1500м, 5000м, далечина, височина , трискок , ѓуле, копје, диск,

OhridNews