Над 100 експерти од ИТ-секторот ширум Македонија, Албанија и Косово беа дел од дводневната конференција „Вмрежување на Инграм и Вендорите #2“ во Охрид.

Експертите говореа за идниот развој на технологиите, во насока на сајбер безбедност,  уценувачки софтвер, виртуелизација кои ја поместуваат ИТ-индустријата кон посигурна и безбедна средина за управување со податоци.

Беше потенцирано дека светот на технологијата е динамичен и како таков бара постојан проток и размена на информации за да се случат промени кај сите.

Конференцијата не само што поттикна робусна платформа за споделување знаења, туку и ја зајакна традицијата на годишниот дијалог меѓу ИТ-експертите, покренувајќи ја индустријата кон посоработлива и иновативна иднина.

OhridNews