25-та Меѓународна конференција за хемија се одржува во Охрид на која учествуваат на 100 научници од 23 држави.
Конференцијата се однесува на хемиски истражувања на цврсти супстанци, меѓу кои медицински, фармацевстки, електронски, како и супстанци кои се користат за апсорпција на јаглерод диоксид…, вели професорот на Универзитетот „Њу Јорк“’, Панче Наумов, организаторот на настанот.
Горди сме што после Њујорк, Јужна Африка, Тел Авив, Лос Анџелес…, успеавме Конференцијата за хемија да ја донесеме во Македонија. Со тоа не само што сакаме да ја интернационализираме нашата академска фела, туку и да им дадеме можност да се поврзат со звучни имиња од светот, меѓу кои има и нобеловци, но и да ги следат научните трендови, рече Наумов.
Околу 120 хемичари, додаде Наумов имале можност да слушнат предавања од повеќе свери, меѓу кои и предавања за еден од лековите за сида.
Меѓународната конференција за хемија на цврста фаза има долгогодишна традиција.
OhridNews