Над 100 учесници од 20 земји ќебидат дел од 45. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, која ќе започне утре во Охрид. Традиционалната летна школа која ќе трае се до 5 јули свечено ќе ја отвори ректорот на Унивезитетот ,,Свети Кирил и Методиј’’, проф.д-р Велимир Стојковски.
– На летната школа ќе учествуваат странски слависти, македонисти, балканисти, универзитетски професори, научни работници, преведувачи, млади истражувачи и студенти по македонистика, славистика и балканистика низ светот. Интересно е тоа што освен учесници од европските земји, оваа година ќе имаме учесници од Јужна Кореја и Кина, вели Максим Каранфиловски, директор на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.
Слушателите на Летната школа ќе имаат секојдневни лекторски вежби и курсеви, a во фокусот на годинешното издание ќе бидат и неколку значајни јубилеи.
На 2-ри јули ќе се обележи 45-годишнит јубилеј од обновувањето на автокефалноста на Македонската православна црква –Охридска Архепископија, а во рамки на семинарот ќе бидат обележани и 60 години од првиот дел од Граматиката на македонскиот литературен јазик на Блаже Конески.
Како и секоја година, за учесниците на семинарот е подготвена и богата културна програма која вклучува посета на културното наследство на Охрид како и активности за запознавање со македонската традиција.