На неа учествуваат и ќе имаат можност да ги публикуваат свои трудови повеќе познати професори од Македонија, Бугарија, Албанија, Грција, Турција, Германија и Англија.
– Конференцијата за прв пат се одржува во Македонија, поточно во Охрид. Темите кои ќе се разработуваат во рамки на конференцијата се фокусирани на информатичко- комуникациските технологии. Ваквите средби претставуваат можност за меѓусебна комуникација, размена на искуства, идеи за нови проекти, кои резултираат со размена на студенти и професори меѓу институциите од различни земји, истакна Ректорот на Унивезритетот за информатички науки и технологии “ Св. Апостол Павле”, Проф. Данчо Давчев.
Во рамки на двата дена колку што ќе трае работниот дел од конференцијата предвидено е да се одржат неколку сесии, дискусии и презентации на трудови.
– Конференцијата ни овозможува да ги соедининеме различните искуства од областа на информатичките науки, да разработиме проекти во кои ќе бидат вклучени што поголем број млади луѓе од оваа област. Преку нивниот ангажман се надеваме дека ќе придонесеме кон намалување на одливот на стручни кадри од оваа област кој перманентно се случува во изминатите години како во Македонија, така и во Бугарија, вели Огњан Наков, Декан на Факултетот за компјутерски науки во Софија.
Наредната, седма по ред Интернационална конференција за компјутерски науки е предвиднео да се одржи во Малта.