Истече законскиот рок за извршување упис, односно регистрирање на пловните објекти на кои им е истечена важноста на регистрацијата, во согласност со одредбите од Законот за внатрешната пловидба.
 
Согласно крајниот рок, 30.05.2011 година, впишани се вкупно 1.017 пловни објекти кои спаѓаат во категоријата чамци. Од нив, 336 се од типот „скутери“, 431 се од типот „глисери“ и 250 се од типот на обични чамци. Од категоријата „брод“, моментално дозвола за пловидба имаат добиено 3 пловни објекти од кои 2 се со капацитет до 150 патници и 1 со капацитет до 80 патници.


 
Од министерствоото за транспорт информираат дека имплементирањето на одредбите од Законот за внатрешна пловидба, а со самото тоа и регистрирањето на пловните објекти и сертифицирањето на бродовите во согласност со европските стандарди, претставува предуслов за одвивање на безбеден и контролиран сообраќај во внатрешната пловидба, особено во периодот на туристичката сезона, кога бројот на туристи и бројот на активности во внатрешната пловидба е зголемен.

OhridNews