Вкупно 10.546 граѓани се јавиле за медицински совет на бесплатната линија „Ало докторе“ на бројот 02/15 123, од нејзиното отворање на 15-ти септември до 21-ви ноември.
Само во изминативе два дена, 20-ти и 21 ноември, со пресек до 22 часот, имало 233 јавувања, информира Здравствениот дом на Скопје.
Од таму велат дека јавувањата се за медицинска помош со најразлична симптоматологија, кардиоваскуларни и респираторни симптоми, граѓани кои бараат психијатриски совет, проблеми со покачена телесна температура, кашлица, настинки и симптомна болка.
На телефонската линија за здравствен совет се достапни 22 доктори, додека секој ден од 18 до 22 часот во кол центарот„Ало докторе“ за медицински совет се дежурни и достапни директорите на јавните здравствени установи.
Во сабота, 22-ри ноември, во кол центарот од 18 до 22 часот ќе биде дежурен др. Реџеп Селмани од Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија и реанимација и интензивно лекување, а утре, недела 23.11, др.Аспазија Софијанова, директорка на Клиниката за детски болести.
OhridNews
Извор:„Макфакс“