На вториот круг од претседателските избори во Општина Охрид до 11 часот излезеноста е 14,59 отсто, односно гласале 7.539 лица, додека во Дебрца гласале 566 лица, односно излезеност е 14,37 отсто, информираат од Општинските изборни комисии во Охрид и Дебрца.

Во поглед на парламентарните избори излезеноста во Охрид е 14,62 отсто односно гласале 7.575, додека во Дебрца е 14,38%.
Гласањето се одвива тековно и без проблеми посочуваат од Општинските изборни комисии во Охрид и Дебрца.
Н.С.Ј.
фото. Б. Стојаноски











