Над 140 учесници дел од планинската вело тура „Вевчанска Голина – Локва 2025“
08.07.25 09:30
Вевчани повторно беше домаќин на голем број љубители на планинскиот велосипедизам каде успешно се одржа традиционалната Планинска вело тура „Вевчанска Голина – Локва 2025“. Настанот го организираа Еко-свест Вевчани и Рупикапра МТБ Струга.
Турата оваа година собра над 140 учесници од различни делови на државата, кои возеа низ некои од најживописните предели на планината Јабланица. Стартот беше во 09:00 часот од центарот на Вевчани, а велосипедистите имаа можност да минат патека долга 30 километри, со вкупна елевација од околу 1100 метри.
Патеката водеше низ најживописните предели на Споменикот на Природа Вевчански Извори и планината Јабалница, меѓу кои Вевчански Извори, Јанков Камен, манастирот Св. Климент и Горна Белица, завршувајќи на видиковецот Вевчанска Голина. Дел од најистрајните учесници продолжија и со кратко планинарење до глацијалното езеро Вевчанска Локва, сместено на над 1960 метри надморска височина.
Како што истакнуваат организаторите, главната цел на настанот е промоција на природните вредности на планината Јабланица, како и унапредување на потенцијалот за развој на одржлив планински туризам во рамките на заштитеното подрачје Споменик на Природа Вевчански Извори и идното заштитено подрачје Национален Парк Јабланица.
Со ова, планинската вело тура Вевчанска Голина – Локва се етаблира како традиционален летен настан кој ја спојува природата и спортот.
Организаторите упатуваат голема благодарност до сите учесници, волонтери, поддржувачи и институции кои придонесоа за успешна реализација на настанот.
Настанот беше организиран како дел од проектот „Поддршка на одржливо управување на Споменикот на Природа Вевчански Извори“ спроведуван од Еко-свест а финансиран од ПОНТ. Во организација настанот голема поддршка дадоа низа локални бизниси и поединци.
Во рамки на 15 коло од Супер лигата ГРК Охрид во петок ја пречекува екипата на Еурофарм Пелистер 2 Во петок ни гостува екипата на Еурофарм Пелистер 2, млада екипа која многу трча и сака да се докаж...
Пица мајсторот Дејанчо Трајанов – Чеде од Охрид продолжува да нижи успеси на меѓународните натпревари Овој пат од двата натревари во Бугарија и Србија се врати со седум трофеи Имено, во периодот од...
Охридските боксери од клубот „Алексо Огненовски”, браќата Христијан и Наум Стојаноски изминатиов викенд зедоа учество на силниот меѓународен турнир „Челична песница” во Ниш Христијан настапи во кат...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.