Над 150 млади членови на Општинската организација на ГРОМ предводени од претседателот на Форумот на млади (ФОМ) на огранокот, Ристе Танкоски, вчера отпатуваа во Скопје каде присуствуваа на основачкото собрание на Форумот на млади на ГРОМ, кое се одржа во Универзалната сала.
Во работниот дел, ФОМ ГРОМ за свој претседател го избра актерот Бојан Велески, како и членовите на Централниот одбор, во чиј состав од О.О. на ГРОМ-Охрид влегоа 5 млади активни членови.
Настанот беше надополнет со настапот на Влатко Лозаноски и рок-бенд од Скопје, со кој беше дополнета официјалната програма на собранието.
Инаку, на настанот му претходеше „Маршот на храброста“, во кој покрај членовите на другите општини од оваа партија, се приклучија и членовите од Охрид.
OhridNews