Преку посебни програми на министерствата ќе бидат одвоени уште дополнителни половина милион евра, со кои ќе се стимулира развој на алтернативен, вински, селски, културен и спортски туризам…
Посебен акцент со Програмата е ставен на субвенциите за привлекување странски туристи. Владата одлучи да се зголеми нивниот износ и тој да биде повеќе од сегашните 800.000 евра за таа намена.
Целта на Програмата, е туристичка промоција на Македонија на таргетирани пазари, етаблирање на државата како туристичка дестинација во светот, субвенционирање на тур-операторите кои носат странски гости, отворање нови и засилување на брендот на веќе постоечките. Финансиите што ги одвојува Владата за туризмот ќе бидат наменети за организирано претставување на поголем број туристички саеми, недели на македонски туризам во таргетирани држави, спроведување медуимска кампања и посети на Македонија на тур-оператори и странски медиуми, како и изработка на софтверски водич за туризам за мобилна телефонија и мапирање туристички занимливости.
Активностите за промоција на Македонија од географски аспект се распоредени во три круга. Првиот е целен пазар Балкан во кој влегуваат сите соседни земји плус Словенија, Хрватска, БиХ, Црна Гора, Романија и Турција. Вториот целен круг се европските држави и Русија и Укарина. Посебен фокус ќе има кон земјите со кои има директни авионски или чартер линии кон Македонија. За таа цел ќе се даде обврска на промоторите за лобирање за обебзедување туристи. Во третиот круг се останатите земји, арапските и од Северна Америка и Источна Азија. Со оглед на трендот на посета на поголем број земји од тие простори се планира координирана туристичка понуда со соседните држави во пакет аранжаман.
Како што потенцира владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев, програмата ќе донесе нова корист и за туристичките агенции кои ќе остварат нови приходи, ќе овозможи и нови вработувања, ќе имаат корист и хотелиерите со пополнување на нивните капацитети. Дополнително ќе се поддржи и угостителството, и остатанатите придружни 20 дејности кои се поврзани со туризмот, од што корист ќе имаат граѓаните и нивните бизниси или пак општиот приход.
Минатата година од девизен прилив од туризмот во Македонија се остварени 171 милион евра, а секој странски турист просечно трошел по 523 евра, од кои околу 100 евра за аранжман и 420 евра за дополнителни трошоци.