Над два милиони пликоа ќе учестуваат во седмото извлекувањето на наградната игра „Фискална во рака–награда без мака“ што ќе се одржи во понеделник, на 30 јуни 2014 година. Во ова извлекување ќе бидат доделни стан и дуќан во Скопје, автомобил „пежо 208“ и бројни ваучери во вредност од 1.000 денари до 1.000 евра.
Досега во рамки на наградната игра, чиј приредувач е Државната лотарија на Македонија под покровителство на Министерството за финансии, беа доделени еден стан, еден деловен простор, пет автомобили и 750 вредносни ваучери.
Во пресрет на седмото извлекување, Државната лотарија организира карван во рамки на кој се поставени пунктови со наменски кутии, на повеќе локации во Македонија.
Карванот тргна од Куманово, а ќе заврши во Струга и Охрид, во недела на 29 јуни 2014 година.
OhridNews