Продолжениот празничен викенд во Охрид привлече над 20 000 гости. Во приватното сместување каде цените за ноќевање се движат од 5 до 60 евра слободни места има многу малку, додека дел од хотелските капацитети и во најголемиот шпиц не се целосно исполнети. Цените во хотелите се движат од 20 до 120 евра, во зависност од аранжманот и категоријата на хотелот.

На плажите каде деновиве се одржуваат бројни забави е преполно, а раздвижено е и во чаршијата и во центарот на градот, каде можат да се забележат и поголеми организирани групи туристи. Второавгустовското лудило во Охрид почна.


 Над 20 000 гости во Охрид за Илинден

OhridNews