Над 200 прилепчани денес почнаа со расчистување на конаците во манастирскиот комплекс „Трескавец“, кои изгореа во пожарот што се случи на 4 февруари.
Меѓу пријавените граѓани доброволци кои учествуваат во акцијата има и педесеттината планинари кои работаат на расчистување на приземниот дел од конаците.
Денешната акција е првата од низата кои ќе се спроведуваат во наредниот период.












