На Основачкото собрание на партијата Граѓанска опција за Македонија „ГРОМ“ што викендов се одржа во Универзалната сала во Скопје , од Охрид учествувале околу 250 членови на оваа партија.
Според претседателот на регионалната канцеларија на „ГРОМ“, Љупчо Настоски, тоа е само дел од членството, кое се очекува да се зголемува.
– Очигледно е дека граѓаните се заинтересирани за т.н. „Трета опција“, затоа што во неа гледаат сила којашто може да ги забрза процесите за евроатлантска интеграција на РМ и да го подобри животот на граѓаните, вели Настоски.
Настоски информира дека голем дел од приврзаниците на партијата од Охрид, станале членови на извршните тела на „ГРОМ“, и потенцира дека тоа е од големо значење за работата на Регионалната канцеларија.
OhridNews