Над 300 лица со симптоми на грип се пријавени од почетокот на месецот во Македонија, четири лица се потешко заболени, а кај едно лице е изолиран вирус од типот А, јавува „Макфакс“.

Се уште не е дефинирано дали се работи за  H1N1, свински грип или H3N2, изјави Јованка Костовска раководител на Сектор за превентивна здравствена заштита при Министерството за здравство.

Костовска очекува како и во останатите земји во регионот, како што е Србија, каде веќе е детектиран свинскиот грип, Косово каде имаше смртен случај, и во Македонија, покрај сезонскиот грип, да го има и овој тип вирус.

„Како ризични групи за кој било вирус на грип Светската здравствена организација ги потенцира децата помали од две години, бремените жени, лица со намален имунитет, хронично болните лица и постарите лица. Доколку овие лица заболат од грип без оглед дали се со полесни симптоми треба веднаш да се почне со лекот тамифлу“, изјави Костовска.

OhridNews
ивор:„Макфакс“