ОБСЕ да распореди 20 долгорочни и 300 краткорочни набљудувачи за мартовските локални избори во Македонија, гласи препораката на оценската мисија на организацијата, по скенирањето на состојбата во земјата од 28-ми до 31-ви јануари.

Препораката следува по одржаните средби на преставниците на оценската мисија на организацијата со преставници на државните институции, Државната изборна комисија, на политичките партии, медиумите, граѓанскиот сектор и преставниците на меѓународната заедница во земјата.

– Иако некои препораки на ОБСЕ/ОДИХР се имплементирани по вонредните парламентарни избори во 2011-та, постојат бројни прашања за кои е потребно натамошно внимание. Ова ги вклучува процедурите за составување на избирачките списоци, изборната кампања и можната злоупотреба на административни ресурси, медиумското покривање, финансирањето на кампањата и механизмите за жалби. Мнозинството од соговорниците на оценската мисија ја подвлекоа важноста на оценката и препораката на ОБСЕ/ОДИХР во контекст на очекуваните изборни реформи по локалните избори“, се вели во извештајот на оценската мисија.

OhridNews
извор:Макфакс