Над 340.000 пензионери во државава од денес ќе добиваат за 2500 денари повисока пензија. Со линеарното покачување на пензиите во септември и мартовската пензија во април, пензионерите добиваат за 5000 денари повисоки пензии за само 9 месеци мандат од оваа Влада, велат од од Министерство за социјална политика, демографија и млади.

Како Влада и ресорно министерство ја потврдуваме грижата за нашата највозрасна категорија на граѓани. Продолжуваме и понатаму со креирање на политики и мерки кои ќе го унапредуваат квалитетот на живот на пензионерите, додаваат.
OhridNews











