Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на посетители на музеите во 2015 година изнесува 476 385. Од вкупно 28 музеи, 19 се јавни (национални) музеи, 8 се јавни (локални) музеи и еден приватен музеј, додека според предметот на работа, 18 се општи и 10 специјализирани музеи.
Во 2015 година, музеите организирале 102 сопствени изложби од кои 85 изложби биле организирани од страна на општите музеи и 17 од страна на специјализираните музеи.
Музеите располагале со 224 779 инвентарирани предмети, од кои 36 980 биле изложени во музеите во 2015. Збирките располагале со 222 850 инвентарирани предмети, од кои 35 489 биле изложени.
OhridNews













