Екипи на јавното претпријатие „Охридски комуналец“ интензивно работат на отстранување на исушените палми во Охрид.
фото:Емилио
Како што информира директорот на јавното претпријатие, Љупчо Грданоски, од извршената проверка било утврдено дека над 50% од засадените палми се исушени.
Отстранетите палми во централното градско подрачје ќе бидат заменети со јапонски цреши, а останатите со автохтони дрва, најверојатно со јавори или јасени, зависно од финансиските можности на претпријатието.
Првите од предвидените 100 палми во централното градско подрачје на Охрид, беа посадени во ноември 2013 година во рамки на есенската акција од проектот Ден на дрвото- засади ја својата иднина.Тогашниот директор на ЈП Македонски шуми, Жарко Караџоски, кој учествуваше во садењето изјави:
– Зошто Охрид да не биде препознатлив по палмите. Нашите стручни служби извршија анализи и беше донесен заклучок дека во Охрид треба да се засади овој вид, влакнеста палма која издржува и на температури и до минус десет степени, рече Караџоски.
Во мај 2015 беа засадени и 4 метарските влакнести палми.
Т.К.













