Повеќе од 500 учесници од целиот свет ќе бидат дел од 7-миот Централно Европски Конгрес за храна „CEFood-2014“ кој ќе се одржува во Охрид од 21 до 24 мај 2014 година.
Овој научен собир кој за прв пат се одржува во Република Македонија е под покровителство на „Европската Федерација за Науки и Технологии во храната“ и „Меѓународната Унија за Науки и Технологии во храната“.
-CEFood-конгресот се одржува секоја втора година во различна држава и на едно место ги собира сите производители и дистрибутери на храна, а научниците и истражувачите од прехрамбените институти имаат можност да го промовираат својот професионален развој и новините во прехрамбените науки и технологии, пишува на официјалната веб-страница на конгресот.
До сега овој меѓународен собир се одржувал во Љубљана, Словенија; во Будимпешта, Унгарија; во Софија, Бугарија; во Цавтат, Хрватска; во Братислава, Словачка и во Нови Сад, Србија.
Според најавите на организаторите, на конгресот во Охрид ќе се разменуваат искуства за вкупно 14 теми меѓу кои „Состојки и адитиви во храната“, „Производство и преработка на храна“, „Прехранбено инженерство“, „Хигиенско инженерство и Пакување на храна“, „Разладување и замзнување на храна“, „Прехранбена биотехнологија“, „Управување со синџири за храна и добиточна храна“ и други теми.
OhridNews