Синоќа кандидатот за градоначалник на НСДП – Охрид одржа средба со граѓаните од месноста Видобишта. Собирот го отвори потпаролот на ИШ на НСДП Милена Тримкоска по што на присутните им се обратија носителот на листата на советници Верица Хајба, господинот Томислав Маноски и кандидатот за градоначалник Ацо Попоски. На средбата беа присутни околу 600 граѓани од месноста Видобишта.


„Почитувани граѓани, ви се обраќам пред вас без изборна програма в раце зошто ги знам проблемите со кои се соочува Ристо Чадо, Илинден, Видобишта, Бараки. Сите луѓе знаат дека во 1998 год. Ацо Попоски заедно со вас ги проби и асфалтира сите улици во ова место и докажа како вистински треба да се работи. Асфалтот кој тогаш го поставивме, сеуште е добар и употреблив, а не како што сега асфалтираат, површно и неподготвено. Јас ги знам вашите проблеми. Овде не е направено ништо последниве 10 години. Меѓутоа, Ацо Попоски со својот тим, ако му дадете шанса, верувам дека од ова место каде што сме сега близу игралиштето, од расадникот ќе изградиме содржини каде што ќе можат младите да спортуваат, повозрасните да се релаксираат, а сите вие да уживате.
И Видобишта е Охрид.
За мене Охрид е главен град.“ – истакна кандидатот за градоначалник Ацо Попоски.


Ацо Попоски на митинг во Видобишта

Ohridnews