
“Досегашната реализација на проектот се одвива задоволително, постигнат е добар прогрес, сите барања што се стигнати до Комисијата се обработени со исклучок на 2.700 кои беа некомплетни и за кои е побарано од апликантите да ги докомплетираат”, истакна Ставрески.
Проектот, додаде, е многу сложен, има обемна документација што треба да се провери, особено бидејќи некои предмети на должниците не се совпаѓаат со оние на доверителите и затоа најверојатно ќе трае неколку месеци.
“За сите барања се постапува многу винамтелно. Настојуваме да опфатени што е можно поголем број граѓани, да им помогнеме на сите со оглед дека се работи за лица кои се во исклучително тешка финансиска состојба”, посочи Ставрески.
Долгови им се отпишани на граѓани од сите делови на Македонија, Прилеп, Шуто Оризари, Куманово, Гостивар, Струмица,…. Освен приматели на социјална помош на кои отпаѓа најголемиот процент, има и невработени, како и лица кои поради несреќи во семејството, не можеле да ги плаќаат долговите.
” Досега за отпис на долгови се поднесени вкупно 41.765 барања, а за нивно решавање се формирани три комисии и посебна техничка служба”, истакна министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
Тој информира дека најголем број од донесените одлуки, 895, и најголемиот износ на отпишан долг, 155,7 милиони денари, се од Скопје.











