
Значително намалување на цените има кај сите фармакотерапевтски групи на лекови, посебно кај антинеопластици и имуномодулатори, лекови за кардиоваскуларен систем, антиепилептици, антибиотици, антимикробни лекови, антивирусни лекови, седативи, антиревматски, како и лекови кои делуваат на желудник и гастроинтестинален систем, имуносупресивите и др.
Со намалувањето се опфатени како лековите за болничка употреба, така и лековите кои граѓаните ги купуваат во аптека.
Согласно Методологијата за одредување на цените на лековите и изготвената анализа од Бирото за лекови се намалуваат цените на 337 иновативни лекови и оригинатори, како и 415 генерички лекови. Процентуалното намалување на максималните цени на оригинаторите и иновативните лекови изнесува од еден до 81 процент, односно просечна цена на намалување на лековите изнесува 743 денари.Вкупната заштеда кај оригинаторите и иновативните лекови изнесува околу 106 милиони денари, односно 1.720.600 евра.











