Над 72 отсто од граѓаните се против промена на името со цел Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ, дури и ако одреден предлог биде поддржан од сите парламентарни партии, покажале резултатите од анкетата што ја спроведе Институтот за политички истражувања на барање на Институтот „Димитрија Чуповски“. Според истите, 81,4 отсто од граѓаните би поддржале влез на земјата воНАТО и ЕУ на референдум што би се одржал следната недела.












