Кампот претставува мултиетнички камп за девојки на возраст од 14-18 години, а целта е да се поттикне самодовербата, пријателството, волонтирањето. Учесничките имаат можност да се стекнат со знаења поврзани со : Женските студии, здравјето, уметноста, лидерството, екологијата, граѓанското општество.
Кампот е финансиски поддржан од Амбасадата на САД во Македонија.
По иницијатива на волонтерите од Мировен корпус кампот се одржува веќе 13 години, а на него учествувале над 1000 девојки.