Петтиот тенисер на АТП листата, Рафаел Надал го освои првиот трофеј во 2016 година победувајќи на турнирот во Монте Карло. Во финалето Шпанецот го совлада Гаел Монфилс со 2-1 во сетови (7:5, 5:7, 6:0).


– Победата и првото место во Монте Карло потврдува дека работите се одвиваат во потребната насока. Имав напорна и емотивна недела во Монте Карло. После три години го освојувам трофејот во Монте карло и затоа ова чувство е посебно. – рече Надал.

За шпанскиот тенисер ова е деветтата титула во десеттото одиграно финале во Монте Карло. – Напорно тренирав да го освојам овој трофеј затоа ден два ќе уживам во овој успех, а потоа ќе почнам да се подготвувам за новите предизвици. – додаде Надал.

OhridNews