Шпанскиот тенисер Рафаел Надал претрпе пораз од сонародникот Фелисијано Лопез 2-0 во сетови и ги заврши натпреварите на мастерс турнирот во Шангај.

Првиот сет рекетот број два го изгуби 6-3, а се врати во игра во вториот, но тој го изгуби во тај брејк што значеше елиминација.
Покрај шпанскиот тенисер натпреварите во Шангај ги завршија Клижан, Вавринка, Ванг, Димитров, Нишикори и Гаскет.
Мх.П.










