Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ги заврши мечевите на американскиот гренд слем турнир претрпувајќи пораз од Лукас Поулие во пет сетови (6-1, 2-6, 6-4, 3-6, 7-6) во осминафиналето.


Во најдобриот меч на УС Опен до сега, Надал направи неколку грешки кои на крајот скапо го чинеа.

Шпанецот најголемата грешка ја направи во последните поени од натпреварот, кога при 6-6 во тај брејкот од чиста зицер позиција ја погоди мрежата.

Поулие го искористи подарокот поен и со „меч винер“ во следниот поен го спакува некогаш најдобриот тенисер во светот.

Поулие во 1/4 финалето ќе се сретне со сонародникот Гаел Монфилс додека светскиот рекет број еден со Жо Филфред Цонга.

OhridNews