Шпанскиот тенисер Рафаел Надал покрај слабата форма е фаворит според Рожер Федерер за освојување на титулата од францускиот гренд слем турнир Роланд Гарос.


Иако шпанецот не се престави во најдобро светло на мастерс турнирот во Рим, кој е најава за она што следува во Париз. Титулата од мастерсот му припадна на Новак Ѓоковиќ, кој во финалето го совлада Федерер.

– Неможеме да ги занемариме резултатите од претходните десет години од гренд слем турнирот. Во Париз се игра до пет сетови, а сите знаеме колку е Надал јак физички и психички. – рече Федерер.

Надал на Роланд Гарос ќе атакува на јубилејната десеттата титула додека Ѓоковиќ ја сонува круната која му недостасува од гренд слем турнирите.

Мх.П.