Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе има нешто подолга пауза поради повредата на коленото, откако обелодени дека ќе ги пропушти турнирите во Индијан Велс и Мајами.

Проблематичното колено му создава големи главоболки на Надал и поместување на распоредот кој однапред го имаат пријавено тенисерите.

Поради возобновувањето на повредата Надал се повлече од самиот почеток на турнирот Акакупулко во Мексико, иако неговото име се најде во ждрепката за првите мечеви.

– За жал, повредата што ја доживеав во Акапулко е иста како и онаа во Мелбурн. Морам да заздравам, па затоа нема да играм во Индијан Велс и во Мајами. – изјави Надал.

OhridNews