Рафаел Надал е првиот финалист на Мастерсот во Мадрид, откако во првото полуфинале со убедлива игра го порази бранителот на трофејот Новак Ѓоковиќ во два сетови (6:2, 6:4).

Јубилејниот 50 дуел на Надал и Ѓоковиќ му припадна на Шпанецот, кој ја забележа 24 победа против српскиот тенисер. Надал, во Мадрид, ја прекина серијата од седум порази во дуелите со Ѓоковиќ.

Шпанецот немаше победа над поранешниот број 1 уште од финалето на Ролан Гарос одиграно во 2014 година.

Самиот меч донесе апсолутна доминација на Надал, а победата ја најави уште на почетокот кога два пати направи брејк и поведе со 4:0.

Ѓоковиќ само во третиот и четвртиот ген од вториот сет потсети на дека до неодамна владееше со светскиот тенис.

OhridNews