Шпанскиот тенисер Рафаел Надал истакнал дека во овој момент Новак Ѓоковиќе е апсолутен фаворит за освојување на титулата на Ролан Гарос, турнир кој тој го освојувал девет пати во кариерата.


Шпанецот истакнал дека тоа може да се промени само доколку тој на турнирите во Мадирд и во Рим успее да се врати во вистинската форма.

Надал во досегашната своја кариера на Ролан Гарос загубил само еден меч, во 2009 година од Робин Содерлинг.

Надал смета дека во пресрет на турнирот под одреден пристисок се наоѓаат и тој и Ѓоковиќ. Надал се обидува да стигна до 10-та титула во Париз, додека Ѓоковиќ ќе се обиде да го освои овој Гренд слем на кој се уште нема титула.

Шпанецот се согласил дека на фаворитите им е полесно да играат и да победуваат на гренд слем турнирите бидејќи се игра во три добиени сета. 

„Макфакс“