Шпанскиот тенисер Рафа Надал и најпријатното изненадување Стефанос Циципас закажаа меѓусебна пресметка во полуфиналето од првиот грен слем турнир годинава Австралија Опен, откако успешно ги минаа четвртфиналните пречки.

Надал во три сета (6-3, 6-4, 6-2) за нецели два часа го совлада Францис Тиафое кој не пружи никаков отпор во пресметката со трофејниот тенисер.

Сонот на грчкиот тенисер Циципас продолжи на австралискиот грен слем победувајќи го Роберто Баутиста Агусто со 3-1 во сетови. Циципас го доби првиот сет, а Шпанецот успеа да изедначи. Во третиот и четвртиот сет преовлада квалитетот на Гркот кој го реши мечот во своја полза.

Втората полуфинална двојка ќе ја сочинуваат победниците од четвртфиналните средби: Раониќ – Поули односно Ѓоковиќ – Нишикори.

OhridNews